Дарко Лазиќ итно опериран поради крварење во стомакот

Пејачот Дарко Лазиќ морал итно да биде опериран во болницата „Земун“ во Белград, поради внатрешно крварење на стомакот, велат лекарите.

Пејачот кој пред два дена доживеа тешка несреќа на автопатот додека возел кон Белград, се здобил со тешки повреди и два дена поради сериозноста на повредите мораше да биде ставен под вештачка кома.

Лекарите не ризикуваа да го оперираат. Неговото семејство и блиски пријатели загрижени чекаат да слушнат добри вести од лекарскиот тим.

Од таму велат дека неговата здравствена состојба е влошена и дека има проблем со белите дробови и бубрезите, а во моментите додека автомобилот се превртувал, доживеал кршење на неколку ребра, карличната коска и повреда на кичмата, како и потрес на мозокот.

 

 

Текстот Дарко Лазиќ итно опериран поради крварење во стомакот е превземен од Reporter.mk.