Дарко Лазиќ прв пат ја виде ќерката по несреќата

Српскиот пејач Дарко Лазиќ речиси по два месеци откако доживеа тешка сообраќајка, се виде со ќерката Лорена. Пејачот преку видео камера на Вибер ѝ објаснил на Лорена дека не бил дома поради големиот број обврски.

Мајката на Лазиќ,  Бранка на новинарите им кажала дека девојчето е премногу мало ѝ сеуште не знае за несреќата која ја доживеа нејзиниот татко.

„Во вторникот се слушнаа преку камера на Вибер. На Лорена ѝ објаснивме дека нејзиниот татко е работно ангажиран. Таа е премногу мала за да ја напнуваме со овие ѝ за нас тешки состојби“, изјавила мајката на пејачот.

„Лорена е таа која му дава сила на мојот син да продолжи да се бори и што побрзо да се опорави ѝ си дојде дома“, дополнила Бранка.

Адвокатот на поранешната сопруга на пејачот, Ана Севиќ, изјавил дека за оваа средба, девојчето претходно работеле психолози, но Бранка ги негирала ваквите информации.

„ Не верувам дека Лорена била однесена кај психолог. Ана ништо ми нема споменато за такво нешто. Како и да е благодарни сме што нашиот син Дарко добро напредува и веќе почна да се движи на штаки“, завршила Бранка.

 

Текстот Дарко Лазиќ прв пат ја виде ќерката по несреќата е превземен од Reporter.mk.