Пејачот Дарко Лазиќ сака да излезе со неговата поранешна сопруга Ана Севиќ и нејзиното ново момче на вечера. Лазиќ кој деновиве за прв пат се појави во јавноста по инцидентот кој го имаше на една приватна веселба, не крие дека има желба да се види со својата поранешна сопруга.
„Би сакал да излеземе некоја вечер со Севиќ и нејзиното момче. Она е среќно заљубена, јас сум среќно заљубен и зошто не би излегле“, изјави Лазиќ пред новинарите.
Во моментов пејачот подготвува две нови песни и два нови спота. Не откри премногу детали за работата, но вели дека ова ќе биде нешто многу возбудливо и дека публиката немала можност досега да го види во такво светло.
Текстот Дарко Лазиќ сака да ги изведе Ана Севиќ и момчето на вечера е превземен од Reporter.mk.