Македонија вчера влезе во финале на Евросонг. Тамара Тодевска со песната Proud ќе пее во финалето во сабота на 18 мај, на сцената во Тел Авив.
Тамара по настапот рече дека е пресреќна и горда што конечно, по седум години повторно ќе може нашата земја да учествува во големото финале.
„Дечки, супер сме сите, пресреќна сум. Ви благодарам што верувавте во мене. Proud е песна за сите нас. Да се гордееме со себе и со луѓето околу нас. Фала ви на поддршката. Ве сакам. Ќе ве направам горди и во сабота“, напиша Тамара.
Последен македонски претставник што пеел во финалето на Евросонг е Калиопи. Таа во 2012 година пееше во Баку, Азербејџан, со песната „Црно и бело“.
Во финалето на Евровизија в сабота ќе пеат 26 земји, по десет од двете полуфиналиња, претставникот на земјата домаќин Израел, и претставниците на големата петорка: Шпанија, Германија, Италија, Франција и Велика Британија.
Текстот Дечки, супер сме, ќе ве направам горди и во сабота, Тамара спремна за финалето е превземен од Reporter.mk.