Американската пејачка Бритни Спирс излезе од психијатриската болница во која неодамна се пријави самата. Оттаму ја извади нејзиното момче, фитнес инструкторот Сем Асгари. 37-годишната ѕвезда отиде на лекување оти тешко ја поднесуваше болеста на нејзиниот татко Џејми Спирс. Тој пред неколку месеци имаше операција на дебелото црево, а по операцијата помина 28 дена во болница.
Бритни си дојде дома за Велигден, а светските медиуми пишуваат дека никогаш не изгледала полошо. Со ова се сложија и корисниците на социјалните мрежи. „Се надевам дека наскоро ќе закрепне. Ми личи на жив мртовец“, се коментарите на социјалните мрежи откако во јавноста се појавија првите слики од Бритни по излегувањето од болница.
Медиумите во Америка пишуваат и дека Бритни ќе се пензионира на 20-годишнината од својата кариера поради болеста на татко ѝ. Неговата болест, наводно, „ѝ ги отворила очите”, па почнала да гледа на работите од друга перспектива и сфатила дека сака да води мирен семеен живот со двете деца и 25-годишното момче.
Текстот Дечкото ја извади Бритни од психијатриска клиника е превземен од Reporter.mk.