23-годишниот голман Дејан Илиев го продолжи договорот со младинскиот тим на „Арсенал“. Илиев е втор голман на младинскиот тим на клубот од 2012 година и досега има осум настапи за овој тим. Во „Арсенал“ дојде од „Беласица“. Тој беше и еден од двајцата голмани што бранеа за Македонија на Европското првенство до 21 година што се одржа лани во Полска.
„Сите во ‘Арсенал’ се радуваат на идниот напредок на Дејан во клубот“, стои на официјалната страница на англискиот прволигаш.
Текстот Дејан Илиев потпиша за „Арсенал“ е превземен од Reporter.mk.