Српскиот режисер и фотограф Дејан Миличевиќ се појави на Модната недела во Белград. Ова беше негово прво појавување во јавноста откако пред една недела имаше мозочен удар.
Миличевиќ беше гостин на ревиите на Игор Тодоровиќ и Бошко Јаковљевиќ. Тој седеше со своите пријатели во првиот ред, а веднаш по завршувањето на ревиите го напушти центарот „Белекспо“. Српските медиуми пишуваат дека Миличевиќ бил расположен и дека воопшто не се забележало дека неодамна бил во болница поради мозочен удар.
За потсетување, Миличевиќ минатата недела на „Инстаграм“ објави дека е во болницата „Свети Сава“ во Белград.
„Фала Богу, добар сум и ќе преживеам“, напиша тогаш тој.
Текстот Дејан Миличевиќ по мозочниот удар се појави на ревија е превземен од Reporter.mk.