Дејвид Бекам му честиташе роденден на својот син на „Инстаграм“

Синот на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, Ромео, наполни 16 години. По тој повод, неговиот татко му честиташе со емотивен статус и фотографија.

„Не можам да верувам дека мојот мал човек има 16 години. Среќен роденден, големо момче. Ти си толку посебен и те сакам многу“, напишал Дејвид на „Инстаграм“.

Фотографијата по недолг период собрала над 2 милиони лајкови.

Покрај Ромеа, Дејвид ги има и синовите Бруклин, Круз и ќерката Харпер Севен.

 

Текстот Дејвид Бекам му честиташе роденден на својот син на „Инстаграм“ е превземен од Reporter.mk.