Дејвид Бекам повторно проговори за бракот со неговата сопруга Викторија Бекам и призна дека односот со неа понекогаш знае да биде многу тежок.
„Работите стануваат малку комплицирани кога двајца луѓе се долг период заедно“, изјавил Бекам.
„Кога сте во брак со некого толкав временски период, како ние двајцата, тогаш одржувањето на односот секогаш е тешка работа“, додал Дејвид.
„Станува комплицирано“, изјавил Дејвид во тизерот што го пуштиле во јавноста, како најава за интервјуто.
Пред неколку недели Дејвид ги поттикна шпекулаците за разводот затоа што не се појавил на насловната страна на „Вог“ со своето семејство.
Двојката се венчаше во Ирска 1999 година и има четири деца, Бруклин 9, Ромео 16, Круз 13 и Харпер 7.
Текстот Дејвид Бекам повторно ги покрена шпекулациите за развод со Викторија е превземен од Reporter.mk.