Славната брачна двојка Викторија и Дејвид Бекам со хеликоптер стигнаа на летување на островот Свети Стефан, каде што престојуваа во последните неколку дена. Ледената кралица, како што многумина ја нарекуваат Викторија Бекам, во Јадранското Море не влезе ниту еднаш затоа што, најверојатно, водата ѝ била премногу солена.
Викторија и Дејвид Бекам со децата одмораа на Свети Стефан, а во Црна Гора планираат да купат луксузна недвижност.
На поранешниот фудбалер му запна за око апартман кој има речиси 200 квадрати и се наоѓа на последниот кат во еден луксузен комплекс во Будва.
Една работа пресудила Бекамови својот дом да го побараат во Црна Гора.
„Престојуваа на Свети Стефан, но го обиколија најголемиот дел од крајбрежјето. Особено им се допадна Будва и се распрашуваа за инвестиции во луксузниот комплекс, кој има и спа-центар“, изјавил извор близок до двојката.
Црна Гора им се допаднала затоа што луѓето на улица не ги запираат и може нормално да се шетаат.
Бекамови имаат вила во Кенсингтон, луксузни викендички на француската ривиера и во близина на Мадрид. Додека Бекам играл за Лос Анџелес Галакси, тие купиле и куќа во Лос Анџелес.
Текстот Дејвид и Викторија Бекам купуваат стан во Црна Гора е превземен од Reporter.mk.