Американскиот диџеј и продуцент Дејвид Моралес е уапсен на аеродром во јужна Јапонија, откако кај него било најдено мало количество на екстази, соопшти полицијата.
Моралес, кој соработувал со Мајкл Џексон, Мараја Кери и Арета Френклин, бил задржан на аеродромот Фукуока.
„Тој беше уапсен за прекршување на Законот за наркотици и психотропни супстанци“, изјави портпаролот на полицијата.
Според локалниот весник, властите нашле пет гранули МДМА од по 0,3 грама во неговиот рачен багаж.
„Тоа не е мое. Некој се обидува да ме намести“, кажа 56-годишниот добитник на Греми.
Според јапонскиот закон, казната за поседување екстази, без разлика на количеството, изнесува затвор од седум години и 26.000 долари.
Текстот Дејвид Моралес уапсен на аеродром во Јапонија поради екстази е превземен од Reporter.mk.