Деми Ловато се предозирала со хероин

Американската пејачка Деми Ловато (25) завршила во болница. Наводно се предозирала со хероин, јавуваат американските медиуми.

Како што пренесува ТМЗ, Ловато од својот дом во Холивуд, била однесена во болница каде била подложна на лекарски третмани. Засега не е познато каква е нејзината здравствена состојба.

Пејачката со години се бори од зависност од алкохол и кокаин и психички проблем со пореметувањето во прехраната. Одреден период минала на рехабилитација.

Во јуни ја објавила песната „Собер“. Со песната дала до знаење дека повторно се бори со старите навики.

Оваа недела требала да настапи во Атлантин Сити, а нејзините соработници откриле дека не ѝ било добро.

Младата ѕвезда се прослави во филмот на Дизни „Camp Rock“, а досега издала пет албуми.

 

Текстот Деми Ловато се предозирала со хероин е превземен од Reporter.mk.