Пејачката Деми Ловато повеќе од една недела е во болница во Лос Анџелес, во која завршила поради предозирање со непознат опијат, пишува “Mirror”.
Иако се очекувало дека пејачката веќе ќе биде пуштена на домашно лекување, поради неочекуваните компликации, таа била задржана во болницата. Според пишувањето на странските медиуми, Ловато има висока температура и постојано повраќа, но наскоро се очекува нејзино целосно закрепнување.
“Не ѝ беше добро, имаше грозница и покажуваше знаци на инфекција. Моментално се лекува од проблеми кои настануваат по предозирање со дрога, па затоа ќе остане во болница уште неколку дена”, изјавил извор за “TMZ”.
Деми со години се борела со зависноста од кокаин и алкохол, а некое време била и на рехабилитација. Откако шест години била “чиста”, Ловато повторно посегнала по наркотици. Таа минатата недела била на забава, а следното утро била пронајдена во несвесна состојба во својот стан.
Медиумите пишуваат дека пејачката се предозирала со хероин, но никој сè уште не ги потврдил овие наводи. Деми одбива да каже што точно зела.
Текстот Деми Ловато уште е во болница, влошена состојбата од дрогата е превземен од Reporter.mk.