Деми Мур во врска со млада стилистка од Белград

Деми Мур веќе три години е во врска со стилистка од Белград пишуваат светските медиуми. Магазините пишуваат дека актерката по три пропаднати брака и неколку пропаднати врски, конечно ја пронашла среќата во љубовта.

Станува збор за Маша Мандџука која е родена во Србија, но во моментов живее во Њујорк каде ги има завршено студиите. Работела како костимограф во шоуто „Топ модел“, но и на сетовите на бројни популарни филмови меѓу кои е и „Ла ла ленд“, филм кој доби Оскар.

Двојката заедно се грижат за ќерката на Маша, Руми, а врската долго време ја криеле од јавноста. Маша своите празници често ги минува со Деми и нејзиното семејство.

Минатата година заедно минале неколку дена во Белград, каде на сплавовите уживале до доцна во ноќта.

 

 

Текстот Деми Мур во врска со млада стилистка од Белград е превземен од Reporter.mk.