Денес имам се што и ветив на мајка ми, ама ја немам неа

Со неколку емотивни реченици, Панчо од ДНК, повторно се потсети на својата почината мајка. Реши јавно да раскаже случка на времето кога кога имал речиси 20 години, и кога се уште сам не заработувал. “Кога имав 19-20 години, една вечер мајка ми се врати многу доцна од работа. Паметам дека ме поздрави и рече дека ќе си легне и дека не може ни да јаде од што била преморена ( беше излегла од 11 чесот , а стаса дома во 22 часот )“, пишува Панчо.

 

Потоа вели “Ми беше мака, па влегов во соба да и кажам дека еден ден ќе направам онолку пари колку што ќе ни бидат доволни за таа да не се мачи и да ужива во пензионерските денови. Ме погледна, и ми кажа дека ќе биде среќна само ако ме види мене среќен, без оглед на тоа што ќе направам во иднина за неа. Јас, и реков дека ќе ужива еден ден и дека нема да мора да се секира за ништо. Денес го имам сето она што и го ветив, но ја немам неа“, вели Панчо.

Мајката на Панчо почина пред неколку години од рак. Речиси секоја година тој, ова време, објавува по емотивен  статус врзан за неа, а лани во интервју раскажа низ се што минувал кога таа се разболела и деновите пред нејзината смрт. Пачно и го посвети албумот „Уште еден ден“, а ѝ на концертот кој го одржаа со ДНК по нејзината смрт,  го сподели споменот за неа.

„Те молам, мамо не ме оставај“-Панчо од ДНК прозборе за смртта на својата мајка

Текстот Денес имам се што и ветив на мајка ми, ама ја немам неа е превземен од Reporter.mk.