Денис Родман и Канје Вест на гости кај Ким Џонг-ун

Поранешниот НБА-кошаркар Денис Родман, ѕвездата на „Чикаго булс“, во септември ќе го посети лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, а сака со себе да го земе и раперот Канје Вест. Ова нема да е прва средба на политичарот и кошаркарот. Тие веќе се сретнаа неколкупати, а последен пат се дружеа во Сингапур, по првата средба на Џонг-ун и американскиот претседател, Доналд Трамп.

Откако Канје Вест неодамна изјави дека Родман му е најголема инспирација, кошаркарот го покани да му се придружи при посетата на Северна Кореја.

„Мислам дека Ким многу ги почитува моите уверувања“, изјавил Родман за US Weekly. „И Канје прави многу добри работи ширум светот и затоа го почитувам. Во септември пак ќе ја посетам Северна Кореја, па ќе го поведам и него. Ако по седум дена поминати таму напише песна за тоа, само напред“, додал Родман.

И Родман и Канје се големи поддржувачи на претседателот на САД, Доналд Трамп.

 

Текстот Денис Родман и Канје Вест на гости кај Ким Џонг-ун е превземен од Reporter.mk.