Дениз Ричардс го тужи Чарли Шин, не плаќал алиментација за ќерките

Актерката Дениз Ричардс поднела тужба против нејзиниот поранешен сопруг и колега Чарли Шин, затоа што ѝ должи 450.000 долари.

Дениз која со Чарли има две ќерки, се обратила до судот затоа што актерот не ѝ исплатил алиментација. Таа го обвинила дека парите наместо на неговите ќерки завршиле за лични потреби на Шин.

Досега адвокатите и претставниците на актерот се немаат огласено по повод овие обвинувања.  Чарли тврди дека тоа не е вистина и дека Дениз го користи.

„Таа се однесува како кукавица и вистината ќе победи“, изјавил Шин за „Бласт“.

Дениз и Шин беа во брак од 2002 година до 2005 година, а година дена подоцна се разведоа преку судски пат. Холивудската двојка се запозна во 1993 година, за време на снимањето на една комедија. Врската ја започнаа во 2000 година. Набрзо потоа се венчаа, а на турбулентниот и проблематичен брак крај му стави Ричардс.

Таа не сакала да го трпи неговото неодговорно однесување и фрлање на парите на коцка, алкохол и проститутки. ПОради насилните испади, на Шин еден период му било забрането да ѝ се доближува.

Ричардс се омажи минатата година за Арон Фиперс, додека Чарли Шин заврши во брак со Брук Милер со која има два сина. Претходно актерот беше оженет и со Дони Пил.

Текстот Дениз Ричардс го тужи Чарли Шин, не плаќал алиментација за ќерките е превземен од Reporter.mk.