Спотот за песната „Тик-так“ на Слаткар, во која една од главните улоги ја има и поранешниот менаџер Велибор Џаровски – Џаро, од неодамна има 10 милиони прегледи на „Јутјуб“. Со тоа, ова стана едно од најгледаните видеа на некој македонски музичар.
Самиот Слаткар се пофали со големата гледаност на неговото видео, па им се заблагодари на фановите за љубовта што му ја даваат низ годините и што ја слушаат неговата музика. Песната „Тик-так“ ја промовираше пред речиси три години, а снимена е во соработка со бугарскиот пејач Криско.
Текстот Десет милиони од Џаро за Слаткар е превземен од Reporter.mk.