Акциониот филм е еден од најпопуларните филмски жанрови. Адреналинот и опасноста во нив привлекуваат широк спектар на гледачи, во однос на кој било друг жанр.
На популарната страница Rotten Tomatoes ваквите филмови се ставени во категоријата „Акција и Авантура“, а „Бизнис Инсајдер“ направи листа на најдобрите, според оценките на критичарите на Rotten Tomatoes.
Од листата се исфрлени сите анимирани филмови и оние кои повеќе се склони кон делот на авантурата, односно раздвоени се акциионите од авантуристичките.
На топ листата 10 најдобри акциони филмови според Rotten Tomatoes се најдоа:
10 Лавренс од Арабија (1962)
Критичари: 98%
Публика: 93%
Што вели критиката: „Еден од најинтелегентните, најубви и највлијателни воени епски филмови“ – Chicago Reader
9. Богатството на Сиера Мадре (1948)
Критичари: 100%
Публика: 93%
Што вели критиката: „Ликовите се длабоко одработени, не психоаналитички, туку низ човечки конфликти, акции, гестови и изрази на лицата“ – Variety
8. Седум самураи (1954)
Критичари: 100%
Публика: 97%
Што вели критиката: „Епските сцени со коњица и самураи се сеуште без преседан“ – Time Out
7. Возач (2017)
Критичари: 93%
Публика: 86%
Што вели критиката: „Ова е сензација на Едгар Врајт од почетокот до крајот. Филмот е благословен со убиствени автомобилски бркотници и потери, а Ансел Елгорт во него стана ѕвезда. Има најдобар саундрак на годината, а во кината никогаш нема да се забавувате повеќе од овој филм – Rolling Stone
6. Војна на ѕвездите: Силата се буди (2015)
Критичари: 93%
Публика: 87%
Критичари: 98%
Публика: 86%
Што вели критиката: „Кинг Конг е продукт на бројни многу живописни фантазии“ – New York Daily News
4. Логан (2017)
Критичари: 93%
Публика: 90%
Што велат критичарите: „Категоријата филмови со суперјунаци стана досадна откако станала популарна, но Логан нуди бегство од бегство, го обновува човечкиот елемент во блокбастерите и го враќа чувството на филмовите со Клинт Иствуд од 70-те години“ – New York Post.
3. Чудесната жена (2017)
Критичари: 92%
Публика: 88%
Што велат критичарите: „Ова не е само триумф за жените, туку триумф општо. Ова е многу забавен филм со возбудлива акција, добар хумор, романтична магија и неверојатната Гал Гадот во главната улога“, – Newsday
2. Метрополис (1927)
Критичари: 99%
Публикa: 92%
Што велат критичарите: „Малку филмови биле вака возбудливи“ – Chicago Sun-Times
1. Лудиот Макс: Дивиот пат (2015)
Критичари: 97%
Публика: 85%
Што велат критичарите: Шокирачки е колку Лудиот Макс ќе стане благ. Oваа нежност се вклопува во една од најдраматичните акциски екстраваганции во последниве години. Ќе ви ја обнови верата во филмови” – Boston Globe
Текстот Десетте најдобри акциони филмови на сите времиња е превземен од Reporter.mk.