Актерката Асиа Аргенто (42) е обвинета за сексуална злоупотреба над Џими Бенет (22), пренесува американскиот портал TMZ. Според информациите, девојката на починатиот готвач Ентони Бордејн делото го извршила во 2013 година, кога Бенет имал 17 години. По сексуалниот однос, таа му платила на Бенет да молчи.
Двајцата се запознала во 2004 година, за време на сетот на филмот The Heart Is Decitful Above All Things. Во филмот глумат мајка и син. Според документите до кои стигнал американскиот весник „Њујорк тајмс“, нивните адвокати постигнале спогодба од 380 000 евра.
„Тајмс“ пренесува дека адвокатот на Бенет на крајот на минатата година контактирал со Аргенто и рекол дека актерот има намера да тужи.
„Тајмс“ тврди дека поседува документи што докажуваат дека Бенет се сретнал со Аргенто во хотел во Калифорнија на 9 мај 2013 година. По големиот број испиени чаши алкохол, почнала да го бакнува и го фрлила на креветот, каде орално го задоволувала. Подоцна имале и сексуален однос.
Аргенто на социјалните мрежи објавила фотографии со помладиот колега од денот кога наводно се случил сексуалниот напад.
„Најсреќниот ден во мојот живот. Повторно состанок со Џими Бенет. Тоа е мојот син и моја љубов сè додека живее“, напишала актерката покрај заедничките фотографии.
„Тајмс“ тврди дека адвокатот на Бенет поседува фотографии од неговиот клиент на кои е легнат на кревет без горна облека. Весникот тврди и дека Аргенто му платила на Бенет 200 000 долари за да добие некои од фотографиите.
Адвокатот на Аргенто предупреди дека Бенет по склучената спогодба, која ја потпишале, може на јавноста да ѝ раскаже што се случило, но не може да ја тужи за сексуална злоупотреба.
„Може да ги објави заедничките фотографии, но нема дозвола да ја малтретира за повеќе пари, да ја понижува или да ја тужи сè додеа не ги исполни сите свои обврски од спогодбата“, изјавил адвокатот.
Аргенто засега нема излезено со коментар за ваквите обвинувања.
Аргенто е една од најжестоките заговорници на движењето #MeToo, против сексуалната злоупотреба во Холивуд. Таа е ѝ некогашна жртва на славниот холивудски продуцент Харви Вајнстин, кого исто така го обвини за сексуална злоупотреба.
Текстот Девојката на починатиот готвач Бордејн обвинета за сексуална злоупотреба на малолетник е превземен од Reporter.mk.