Џесика Алба е една од најсексапилните актерки во Холивуд. Која е нејзината тајна? Таа ја комбинира диетата со фитнес, за да биде секогаш во топ форма.
ДИЕТА
Џесика Алба многу често во интервјуата споменува дека сите од нејзиното семејство имаат проблеми со телесната тежина. Поради тоа, таа преку целиот свој живот од 12 годишна, внимава на храната што ја внесува.
Само 2 месеци по нејзиното породување, таа си ја врати својата фигура. Со помош на диетата разработена од нејзиниот тренер Рамона Браганца, Џесика ги стопи килограмите од бременоста. Диетата 3-2-1 вклучува 3 оброци, 2 ужини и пиење на минимум 1 литар вода дневно.
Појадок: омлет од белки од јајце или тврдо варени јајца со изварка и овошје.
Појадокот на актерката Алба е богат со протеини. Кога јадете појадок богат со протеини, вие добивате енергија која ви е потребна да ги извршувате дневните активности и подоцна не чувствувате силен глад. Изварката и белките од јајцата имаат мал број калории, содржат многу протеини и ви даваат енергија за да го започнете денот. Овошјето ќе ве снабди со потребните антиоксиданси и витамини за да бидете здрави. Затоа појадокот на актерката е добар пример како треба да изгледа еден појадок.
Ручек: салата со 170g пилешки гради или туна, зеленчуци, маслиново масло, сок од лимон и тревки.
Салатата е здрава и соодветна храна за ручек. Но, треба да ги избирате состојките внимателно. За да направите нискокалорична салата, не користете мајонез. Додајте во салата пилешко или туна, за подобар вкус.
Вечера: кревко немасно месо (риба, пилешко или говедско филе) и зеленчуци.
Ако сакате да ја контролирате вашата тежина, вечерата од кревко месо и зеленчуци е одличен избор за вас. Вечерата треба да биде најлесниот оброк во денот, затоа избирајте ги состојките внимателно.
Ужина: овошје, зеленчук и немасно сирење.
Актерката нагласила дека секој ден пие околу 2-3 литра вода дневно.
Текстот Диетата на Џесика Алба е превземен од Reporter.mk.