Холивудските актери Леонардо Дикаприо и Роберт Де Ниро, по 23 години повторно ќе снимаат заедно. Станува збор за филмот на режисерот Мартин Скорсезе, Killers of the Flower Moon.
Последен пат глумците снимаа заедно пред 23 години во филмот „Животот на ова момче“. Дикаприо го претстави Де Ниро на доделувањето на наградата за животно признание на американското Здружение на филмски глумци.
Дикаприо пред да му ја додели наградата, во говорот се осврна на нивната меѓусебна соработка со режисерот Мартин Скорсезе, кој во минатото ги режираше големите филмски остварувања како „Таксист“ и „Разгневениот бик“, додека нивното последно дело „Ирец“, годинава е номиниран за Оскар.
„Многу научив од двајцата. Среќен сум што можам да ги наречам мои соработници. Боб го знам од снимањето на „Животот на ова момче“, а Марти од „Бандите на Њујорк“. Вистинска чест ми е што по 30 години ќе имам повторно можност да снимам заедно со Дениро, во драмата на Скорсезе, Killers of the Flower Moon“, изјавил Дикаприо.
Филмот ќе ги прикаже дваесетите години од минатиот век и ќе ја раскаже приказната за семејствата на американските домородци од племето Осејџ, кои своевремено биле најбогата нација на светот, благодарение на нафтата која била пронајдена на нивната територија.
Потрагата по нафта во текот на првата четвртина од 20 век, ќе предизвика во САД масовно убивање на припадниците на племето Осејџ, што подоцна ќе доведе и до еден од првите случаи со кои ќе се занимава Федералното биро за истражување, ФБИ.
За Дикаприо, ова ќе биде шести филм кој ќе го снима со Скорсезе, по „Волкот од Вол Стрит“ во 2013 година.
Текстот Дикаприо и Де Ниро по 23 години заедно на филм е превземен од Reporter.mk.