Тапанарот на Дино Мерлин, Амар Чешљар, беше избркан од бендот по неговата скандалозна изјава дека би испратил тенк на Хрватите кои во Мостар протестираа против Жељко Комшиќ.
Жељко беше избран со гласовите на Бошњаците во Претседателството на Босна и Херцеговина, за да ги претставува Хрватите. Ваквата негова реакција предизвика згрозување кај хрватската јавност во таа земја.
По објавата на информациите за протестите кои ги потикнаа студенти против наметнувањето на пробошњачкиот политичар со хрватско потекло, Жељко комшиќ, се јави бубњарот на Дино Мерлин, кој даде коментар за еден портал од Сараево.
„Треба да се испрати тенк. Ова е лудило. Нема тука глави за разговори“, изјавил Чешљар, а неговиот испад наиде на поддршка, но и остра критика.
Неговиот јавен настап го коментираше и самиот Дино Мерлин.
Текстот Дино Мерлин го избрка тапанарот поради националистички изјави е превземен од Reporter.mk.