Балканската ѕвезда Дино Мерлин вели дека ретко говори за приватниот живот, но кога тоа го прави обочно во тие моменти знае да се разнежи. Мерлин со сопругата Амел, со која на почетокот не му било дозволено да се ожени, ги има синот Хамза и ќерката Наида.
Мерлин вели дека е горд татко на двете деца. За Хамза и Наида јавноста малку знае. Тие не се занимаваат со јавна функција, а никогаш не сакале да се појавуваат во медиумите и јавноста преку нивниот татко.
Хамза Дервишхалидовиќ има 26 години, се школувал во Берлин, а студирал Менаџмент и политички науки во Истанбул. Иако не се појавувал пред камерите и фотоапаратите, тој меѓу тимот луѓе учествувал во сите проекти на неговиот татко. Тоа што е интересно е фактот дека Хамзи многу наликува на Дино од неговите млади години.
„Наида се роди за време на моите почетоци во кариерата. Уште во детството има доживеано речиси сè. Од немаштија до метафорички кажано, кавијар и шампањ. Навикната е на скромен живот, па нејзиниот одговор на моето прашање што да и донесам од Париз или Њујорк секогаш беше исто. „Тато, фала. Имам сè. Само ти врати се дома“, искрено изјавил Дино во едно од своите интервјуа.
„Наида за разлика од нејзиниот брат, не ја интересираат материјалните работи. Кога се роди Хамзa, повеќе немавме никакви егзистенцијални проблеми и се навикнавме на Амел да му пружиме сè што ќе посака. Кога ќе го прашам што му треба, не чека ни да ја завршам реченицата, а тој веќе има листа на желби“, вели Мерлин.
Пејачот во една прилика раскажал дека тој израснал без татко, како и тоа дека неговата мајка минала низ многу тешки работи во животот.
„Мојата мајка беше несреќна затоа што само разговараше за човекот кој ја напушти, кој не ја сакаше. Тоа беше мојот татко. Трагична е ситуацијата кога навистина сакаш некого, а тој не ти возвраќа со љубов. А мама беше омилена, знаеше да позајми пари и да им помага на другите. Беше тој бај-пас за другите“, изјавил Мерлин.
Текстот Дино Мерлин горд на своите две деца е превземен од Reporter.mk.