ДНК донираше за пошумување на езерото Младост во Велес

Откако вчера изгореа повеќе од 300 хектари шума во околината на Велес и езерото Младост, Андреј и Панчо од ДНК донираа 6000 денари за пошумување на опожарениот предел и ги повикаа сите што се во можност да го направат истото за „на велешани да им се вратат ‘белите дробови’“, како што велат тие.

„Драги луѓе, со оглед на вчерашната природна катастрофа, пожарот кој ги затекна велешани и им приреди огромен стрес, а воедно и им исече голем дел од ‘белите дробови’ на градот, ние како ДНК (Панчо, Андреј, Лазар) сакаме да донираме скромни 6.000 денари (не сме Леонардо ди Каприо, толку ни дозволува буџетот) за обновување и пошумување на изгоренот предел. Воедно, сакаме да ги поттикнеме сите наши колеги и совесни сограѓани за помош. Како нација секогаш сме први да помагаме на другите соседи и држави (браво, така треба), но некако нашето најмалку си го цениме и чуваме. Затоа јавно ги повикуваме сите добри луѓе да донираат на каков било начин да им се помогне на велешани и да им се вратат ‘белите дробови’ и да се избегнат други лоши последици, кои, не дај боже, удираат по нивното здравје. Го повикувам градоначалникот на општина Велес во најбрз можен рок да отвори сметки и броеви за донации и јавно и транспарентно да се следат донираните средства кои ќе одат за пошумување на уништената површина. Велес има право на чист и здрав воздух!“, стои во објавата на ДНК на „Фејсбук“.

Не е првпат момците од ДНК да се вклучат во ваква акција. Тие беа меѓу првите што пред три години отидоа да помогнат за расчистување на поплавените делови околу Скопје, а често организираат и хуманитарни акции и концерти за помош на сиромашни семејства и болни деца.

Драги луѓе Со оглед на вчерашната природна катастрофа, пожарот кој ги затекна велешани и им приреди огромен стрес, а…

Posted by DNK on Вторник, 27 август 2019

Текстот ДНК донираше за пошумување на езерото Младост во Велес е превземен од Reporter.mk.