Малку перверзии, малку музика, кошаркарот Перо Антиќ и манекенките Александра Накова и Емилија Розман се дел од спотот на ДНК. Новата песна носи налов „Ромео и Јулија“. Музиката, текстот и продукцијата се на Панчо и Лазар Цветкоски, арнжманот е на 5R. Спотот се снимаше во ноќниот клуб „Епицентар“, а од ДНК велат дека и овој пат снимањето поминало одлично и во супер забава.
Сепак, многумина коментираат дека спотот е малку перверзен, а некои се шегуваат дека „ДНК ги навлекле на перверзија познатиот кошаркар и двете манекенки“.
Текстот ДНК ги навлече на перверзии Перо Антиќ, Розман и Накова е превземен од Reporter.mk.