- Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска роди син. Породувањето било во една од скопските болници, а синот го доби името Петар.
“Добри сме со бебето. Изборот на името е моја и на сопругот желба, и на двајцата многу ни се допадна и за нас тоа име има посебно значење”, изјави Јанкулоска за “Репортер”по породувањето.
- Породувањето поминало во најдобар ред, а Петар се родил 3.500 грама тежок. Ова е прво дете на ексминистерката Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко Илиевски, со кого се омажи во 2010 година.