Игор Тодоровиќ познат како Доктор Иги е една од најголемите ѕвезди на деведесеттите, а неговите песни се слушаат до ден-денес.
Музичарот преживеал тешка трагедија кога му починал братот. Потоа останал и без родителите. Игор раскажува дека губитокот на семејството го навело да се обиде да изврши самоубиство.
„Прво го изгубив братот, кој почна кога имав 31 година. По него, почина и татко ми, а потоа и мајка ми, која не можеше да го поднесе фактот за губитокот на синот. Беше во тешка депресија. Кога мама почина, морав да го продадам пиштолот. Сакав да се убијам. Не можев да видам излез од тешката ситуација. Ги посетив гробиштата каде што беа погребани. Им раскажував сѐ што ми лежи на душата. Многу ми недостигаат. Брат ми и јас бевме различни. Тој беше модерен тип, сакаше скапи работи, а немаше пари. Јас во деведесеттите бев полн како брод. Заработував по 30.000-40.000 марки месечно, па му давав пари“, вели Игор.
Иги беше популарен во средината на деведесеттите, а најмногу е познат по песната „Очи боје дуге“, која се слуша до ден-денес.
Текстот Доктор Иги во деведесеттите посакал да си го одземе животот е превземен од Reporter.mk.