Докторка од Радовиш го расплака жирито во „Никогаш не е доцна“

45-годишната докторка Олгица Велкова од Радовиш имаше емотивен настап во вториот круг на шоуто „Никогаш не е доцна“, па ја расплака пејачката Милица Тодоровиќ, која беше член на жирито. Олгица прво ја испеа песната „Љубим те песмама“ од Екстра Нена, а потоа заедно со сопругот во дует испеа песна од Тереза Кесовија.

Олгица со сопругот

Жирито го пофали нејзиниот глас, со коментар дека звучи моќно на сцената.

„Со цело срце бевме со вас. Мене ми се допадна. Гледајќи ве двајцата заедно, само можам да кажам дека соништата навистина можат да станат стварност. Бевте прекрасни, дури и ме расплакавте за момент“, рекла Драггана Катиќ, која вчера беше дел од жирито.

Олгица на крајот на шоуто освои повеќе од 50% од гласовите од публиката и се пласираше во третиот круг.

Докторка од Радовиш е новата ѕвезда во „Никогаш не е доцна“

Текстот Докторка од Радовиш го расплака жирито во „Никогаш не е доцна“ е превземен од Reporter.mk.