Поранешната домашна помошничка на Тарик Филиповиќ, Аница Јуриј, е осудена на една година затвор и три години условно, и на парична казна. Јуриj е прогласена за виновна затоа што украла накит и златници од станот на Филиповиќ, во непозната вредност. Тарик и неговата сопруга Лејла пред судот тврдеа дека вредноста на украденото злато е поголема од 13.000 евра, пишува Индекс.хр.
Според судијата, спорен е начинот на кој накитот се нашол кај обвинетата. Тој при донесувањето на пресудата додал дека нема причина Тарик и Лејла да лажат, а исказот на обвинетата не го сметал ниту за убедлив, ниту за веродостоен. Судот не ја прифатил сумата што ја барало семејството Филиповиќ за отштета, бидејќи не доставиле сметки и сертификати.
За потсетување, Тарик и неговата сопруга Лејла во 2013 година поднеле тужба против тогашната помошничка Аница Јуриј обвинувајќи ја дека им украла накит и пари од домот во вредност од 13.500 евра. Аница, пак, неодамна на судењето рече дека Тарик ја злоставувал, а дека самиот ѝ го дал златото за да молчи за целата ситуација.
Домашната помошничка го обвини Тарик Филиповиќ за злоставување
Текстот Домашната помошничка на Тарик Филиповиќ осудена на затворска казна е превземен од Reporter.mk.