Доналд и Меланија Трамп велигденските празници ќе ги минат на Флорида

Меланија заедно со нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп велигденските празници ќе ги минат на нивното омилено место во Флорида, пишуваат американските медиуми.

Пред да тргнат, репортерите ја уловија претседателската двојка. По неколкуте монотони комбинации во јавноста, првата дама на Америка Меланија Трамп, повторно воодушевила кога е во прашање модата, велат критичарите.

Меланија за оваа прилика решила да се облече топ пролетка комбинација. Словенката на себе имала чисто бел фустан до колена, преку кој, во свој стил, облекла пролетен цветен мантил.

Едноставната, а истовремено и впечатлива комбинација Меланија ја заокружила со високи штикли во пастелно портокалова боја, која оваа пролет е апсолутен тренд, сметаат модните критичари.

 

Текстот Доналд и Меланија Трамп велигденските празници ќе ги минат на Флорида е превземен од Reporter.mk.