Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју што го дал за Хауард Стерн изјавил дека можел многу лесно да заврши во кревет со принцезата Дајана, пишува британски „Мирор“.
Принцезата Дајана загина на крајот на август 1997 година во сообраќајна несреќа. Во интервју кое го дал за Стерн американскиот претседател се пофалил дека ако Дајана останала жива двајцата ќе биле во врска.
На прашање зошто луѓето мислат дека е егоистичен, Трамп одговорил дека тоа е затоа што многумина сметале дека можел да биде љубовник на Лејди Ди.
„Дајана беше многу убава. Мислам дека изгледаше како супермодел. Понекогаш не изгледаше толку добро, но понекогаш изгледаше подобро од сите девојки на светот“, изјавил Трамп.
Трамп во својата книга The Art of Comeback, која ја објавил кратко време по смртта на принцезата, напишал дека единственото нешто за кое жали во љубовта е тоа што не бил во врска со сопругата на принцот Чарлс.
Трамп напишал дека иако имал чувства кон Дајана, но тие не биле обострани. Тоа го потврдила и пријателката на Дајана, Селина Скот, која открила дека Дајана немала чувства кон Трамп.
„Трамп ја бомбардираше Дајана со букет цвеќиња. Тоа Дајана го забрани подоцна. Понекогаш знаеше да се наежи од неговите постапки. Трамп воопшто не ѝ се допаѓаше на Дајана“, изјавила Селина.
Текстот Доналд Трамп: Можев да спијам со принцезата Дајана е превземен од Reporter.mk.