Српскиот глумец, продуцент и режисер, Драган Бјелогрлиќ, во едно интервју за српските медиуми рекол дека иако Југославија одамна е распадната, тој и денес се чувствува како да живее во оваа земја. Вели, луѓето што живеат на овие простори и понатаму ги чувствува како свои, па за него нема разлика меѓу Србин, Македонец или Босанец.
„Јас навистина верувам дека ние сите сме едно. Роден сум во Југославија и во неа и ќе умрам. Каде и да одам низ регионов се чувствувам како дома, сите ние исто се однесуваме и нема разлика. Сигурен сум и дека ако останевме сите заедно да функционираме ќе бевме многу посреќни и би ни било многу полесно“, рекол Бјелогрлиќ.
Популарниот Бјелогрлиќ слична изјава имаше и лани во интервју за „Репортер“. Тогаш рече дека осумдесеттите години биле најубавото време да се живее во Југославија.
Драган Бјелогрлиќ: Осумдесеттите беа најубавото време да се живее во Југославија
Текстот Драган Бјелогрлиќ: Роден сум во Југославија, тука ќе умрам е превземен од Reporter.mk.