Српската пејачка Драгана Мирковиќ направи спектакуларен концерт на затворањето на лесковачката „Рошталијада“.
Пејачката ќе влезе во историјата, како првата ѕвезда од овие простори кои ја пробила магичната цифра од 100.000 луѓе во публиката на оваа културна манифестација.
Преку 120.000 луѓе пристигнаа од целиот Балкан за да ја слушнат музиката на фолк пејачката. Со силни овации беше дочекана по излегувањето на бината, а Мирковиќ им се оддолжи на присутните со нејзините небројни хитови.
„Ви благодарам на сите. За овој град ме врзуваат големи спомени, а оваа вечер ќе стане една од најубавите“, изјавила Драгана.
Текстот Драгана Мирковиќ доби овации од 120.000 луѓе во Лесковац е превземен од Reporter.mk.