Глумецот Жан Клод Ван Дам, најпознат по улогите во акционите филмови, на својот фејсбук профил ја сподели роденденската видео-честитка што му ја испрати фолк-пејачката Драгана Мирковиќ. „Среќен роденден брату“, вели пејачката во пораката.
„Драги пријатели, ви благодарам на убавите честитки. Еве уште една честитка од мојатадобра пријателка, прекрасната Драгана Мирковиќ“, напиша тој покрај нејзиното видео.
Освен честитката од Мирковиќ, тој со своите фанови ја сподели само уште честитката што ја доби од актерот Силвестер Сталоне.
Белгиецот Ван Дам на 18 октомври наполни 58 години. Тој и Драгана се запознаа пред многу години, но повторно се сретнаа недеодамна во Турција, на избор за убавина, каде што и двајцата беа членови на жирито. Тогаш на своите социјални мрежи објавија неколку заеднички слики, а продолжија да се дружат и да си оставаат коментари на бројните објави на „Фејсбук“.
Hi guys! I can't thank all my friends and family enough for all their birthday wishes.Here's another one from my good friend, the wonderful Dragana Mirkovic,Thank you so much!#JCVD #ThankYou
Gepostet von Jean-Claude Van Damme am Freitag, 19. Oktober 2018
Текстот Драгана Мирковиќ му честита роденден на Жан Клод Ван Дам, тој го објави видеото на „Фејсбук“ е превземен од Reporter.mk.