На снимањето на новогодишната програма на телевизијата „ДМ“, српската фолк-пејачка Драгана Мирковиќ раскажала за нејзиното дружење со познатиот актер Жан Клод Ван Дам. Таа открила дека глумецот им е семеен пријател и дека ја сака нејзината музика.
„Ја имам таа среќа да се среќавам со големи и познати личности. За многумина од нив не знаете бидејќи не објавувам фотографии. Но, со Жан Клод навистина се дружиме и јас и Тони. Да не објавеше тој дека сме пријатели, јас тоа не би го направила. Ама тој објавил секаде. Мене ми беше непријатно колку тој ме крена во небото“, рекла пејачката за магазинот „Хелоу“.
Таа открила дека Ван Дам ги знае нејзините песни, а дека омилена му е „Једини“, посебно што таа песна е посветена на сопругот на Драгана, Тони. Пејачката открила и дека сака да го покани во Србија и да му ја покаже земјата на вистинскиот начин.
„Тој сега снима некои нови филмови. Се дружевме месец дена интензивно пред некое време. Тој често знае да дојде до Виена поради Тони и мене. Повторно ќе дојде. Не би го довела во Србија онака, туку кога човекот ќе дојде треба да го испочитуваме како што треба, да ја доживее земјата на вистински начин“, рекла Драгана.
Роденденската порака што Драгана му ја испрати на Жан Клод, популарниот глумец ја објави на својот фејсбук-профил. Заради турнејата во Америка пејачката не отишла на роденденската забава во Кан, но на журката присуствувал нејзиниот сопруг.
„Мојот Тони беше на роденденската забава и ги запознал сите негови соработници и пријатели. Ван Дам има визија за мене како да сум јас некоја светска ѕвезда. Тони беше пресреќен што сите му ја фалат сопругата. Ван Дам потоа му рече дека не сретнал човек кој толку многу зборува за својата сакана“, раскажала Драгана за српското списание.
Драгана Мирковиќ му честита роденден на Жан Клод Ван Дам, тој го објави видеото на „Фејсбук“
Текстот Драгана Мирковиќ раскажа за пријателството со Жан Клод Ван Дам е превземен од Reporter.mk.