Драгана Мирковиќ успешно ја заврши турнејата во САД

Српската фолк-пејачка Драгана Мирковиќ ја заврши турнејата низ Америка. На нејзините концерти во САД присуствуваа повеќе од 8000 луѓе.

Фолк-ѕвездата успехот од нејзината турнеја го прослави во Лас Вегас, каде приреди забава за нејзините најблиски пријатели и соработници.

Позната како жена која сака адреналински спортови, Мирковиќ го прифати предизвикот да се проба во спуштање со сајла над едно од најпознатите шеталишта во градот.

„На почетокот би сакала да им се заблагодарам на сите кои дојдоа на концертите. Тоа е огромна чест за мене како уметник, особено ако се земе во предвид дека ова е втора турнеја за мене во рок од година дена. Што се однесува до спуштањето со сајла, тоа кај мене предизвика налет на адреналин, но морам да кажам дека одлично си поминав во Лас Вегас како и во сите други градови во САД“, изјавила Мирковиќ.

 

Текстот Драгана Мирковиќ успешно ја заврши турнејата во САД е превземен од Reporter.mk.