Најдобрата македонска атлетичарка, Дрита Ислами, на Европското првенство во Берлин го развиори македонското знаме откако истрча 400 метри со пречки за нешто повеќе од една минута и постави нов личен рекорд.
Ислами сподели фотографија по настапот, и иако имаше најслабо време, сепак, наместо разочарување, реши на публиката да ѝ покаже од каде доаѓа.
„Браво, секоја чест, вака се сака својата земја. На Македонија ѝ требаат што повеќе вакви патриоти. Честитки за новиот личен рекорд“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Текстот Дрита Ислами го вееше македонското знаме во Берлин е превземен од Reporter.mk.