Дуа Липа во интервју за ДПА изјавила дека во ниту еден случај не би успеала да стане пејачка ако како тинејџерка не си заминала од Кососво. Таа додала дека многу и пречи тоа што многу млади од Кососво немаат таква можност.
Дуа Липа е родена 1995 година во Лондон. Родителите и се кососвски Албанци. На кратко родителите се вратиле во Косово, за потоа да решат да го продолжат животот во Лондон.
„Некој во едно интервју ми кажа: Изгледа дека имаш имигрантска родителска етика. А мене ми се чинеше дека тоа е многу невообичаен коментар“, се потсетува Липа.
Таа додава дека сватила што новинарот мислел.
„ Гледајќи ги родителите како паралелно работат неколку работи, дење и ноќе, сватив дека ништо не можеш да постигнеш на едноставен начин и дека за сѐ што сакате да постигнете мора многу напорно да работите“ вели таа.
Текстот Дуа Липа: Да останев во Косово немаше да успеам е превземен од Reporter.mk.