Откако „Авалон продукција“ откри дека го раскинале договорот со „Дупер“ оти момците ја избркаа тапанарката Мартина Баракоска, на „Фејсбук“ се огласија Илчо Нечовски и Борис Какуринов. Тие ѝ се заблагодарија на Мартина за соработката, напишаа дека продолжуваат без неа и промовираа нова песна, „Пробај да ми бидеш“.
„Во животот се случуваат работи кои не можеме да ги предвидиме и кои сакале или не, мораме да ги прифатиме со крената глава. Поради ненадминливи разлики, од денес, ‘Дупер’ продолжува со променет состав. Голема благодарност до Мартина за сите убави моменти и заеднички успеси изминатиов период. Во оваа прилика им се заблагодаруваме и на ‘Авалон’ за неколкумесечната соработка. ‘Дупер’ останува приказна во движење“, напишаа тие.
По раскинувањето на соработката, Илчо и Борис од инстаграм-профилот на бендот ги тргнаа и заедничките слики со Мартина.
Текстот „Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна е превземен од Reporter.mk.