Глумицата Асли Енвер му била љубовница на фудбалерот Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша, тврдат турските медиуми, а веста ја пренесе порталот „Дневник.хр“. Наводно, аферата се случила лани, додека Душко играл за „Бешикташ“. Според турските медиуми, Душко неодамна бил во Истанбул и повторно се сретнал со Асли.
Запрашана за наводната афера, глумицата демантирала дека била во врска со Душко и рекла дека тие двајца воопшто не се познаваат.
„Смешни ми се вашите пишувања. Ги повредувате луѓето со вашите измислици“, рекла таа.
Асли во Турција е позната по улогата во серијата „Истанбулската невеста“. Таа е во врска со музичарот Мурат Боза.
Јелена и Душко, пак, засега не ги коментираат јавно пишувањата на турските медиуми.
Текстот Душко ја изневерил Јелена Карлеуша со турска глумица е превземен од Reporter.mk.