Српската манекенка и водителка Марија Ќурчиќ, која вчера се самоуби на возраст од 26 години, пред два дена снимаше реклама со Роналдињо.
„Ги остварувам соништата од детството”, напиша Марија под фотографијата со легендарниот фудбалер кој пристигна во Белград за да сними реклама, и тоа само два дена откако бразилските медиуми објавија дека е на работ на банкрот и дека има само 6 долари на сметката.
Српските медиуми пишуваат дека манекенката не била проблематична. Таа живеела на мансарда и според нејзините соседи водела нормален живот на една млада девојка. Телото го нашле нејзините родители кои стигнале во изнајмениот стан во кој таа живеела, откако не одговарала на повиците. Бидејќи не им отворила врата, тие влегле во станот со полицијата и затекнале ужасна глетка.
Имено, Марија „се качила на стол и се обесила со ремен“, а нејзините родители се скршени од болка бидејќи нивната ќерка, која не оставила проштално писмо, со ништо не покажувала дека има некакви проблеми.
Текстот Два дена пред самоубиството, српската манекенка сними реклама со Роналдињо е превземен од Reporter.mk.