„Дваесет години немам плачено како сега“, Бред Пит отворено зборува за децата, Џоли и пороците

Глумецот Бред Пит во последното интервју за странски портал признал дека минале 20 години откако последен плачел и дека сега станува сè почувствителен. Тој во интервјуто отворено зборувал за својата зависност од алкохолот, кој го гледал како излез од проблемите и разводот со Анџелина Џоли.

„Сите кои ме познаваат, знаат дека не сум плачко. Не су плачел двасет години како сега. Но, сега сум во состојба кога сум чувствителен поради децата, пријателите и сите нови работи кои ми се случуваат во животот. Не знам како понатаму ќе се одвиваат работите, но се надевам дека ќе оди на подобро“, изјавил Бред Пит.

Анџелина и Бред официјално се разведоа пред седум месеци, но глумецот еден период немаше никаков контакт со неговите деца. Двајцата ги имаат Медокс (18), Пакс (16), Захара (14), Шајло (13) и близнаците Нокс и Вивиен (11). Сега Пит вели дека се во добри односи и дека изминатото лето го минале заедно.

 

 

 

Текстот „Дваесет години немам плачено како сега“, Бред Пит отворено зборува за децата, Џоли и пороците е превземен од Reporter.mk.