Џастин Бибер го предизвика Том Круз на борба во октагон

Канадската музичка ѕвезда Џастин Бибер го предизвикал Том Круз на ултимајт борба во ринг и напиша на социјалните мрежи дека ако актерот одбие, тоа ќе биде знак дека се плаши. Засега не е познато зошто пејачот за свој противник го одбрал Том Круз.

Бибер важи за една од најголемите музички ѕвезди, а освен по хитовите познат е и по честите бизарни пораки на социјалните мрежи.

„Сакам да го предизвикам Том Круз на борба во октагон. Том, ако не прифатиш, тоа ќе биде знак дека се плашиш и никогаш нема да се исчистиш од тој срам. Кој е подготвен да ја организира оваа борба“, напишал Бибер на твитерот на Дејн Вајт, претседателот на UFC организацијата.

Оваа објава за многу брзо време се раширила низ социјалните мрежи, а се огласил и поранешниот UFC шампион Конор Мекрегор.

„Доколку Круз е доволно голме маж да го прифати овој рпедизвик, Mekrekgor Sports може да го организира овој спектакл“, напишал Мекрегор.

Многу од фановите во своите коментари споменале дека Бибер е тој кој што може да биде во опасност во еден ваков натпревар. Том е познат по тоа што сите свои акциски сцени ги изведува без каскадери, а колку е физички подготвен, покажал и во бројните акциони филмови. Дел од корисниците на социјалните мреж сметаат дека Круз ќе има предност во однос на Бибер во еден ваков меч.

Бибер е познат по тоа што е љубител на боречките спортови. Во минатото бил во придружба на боксерот Флојд Мејвејдер, а поранешниот шампион му бил и тренер.

„Во некој момент агентот на Круз ќе мора да му одговори на Бибер дали ќе го прифати предизвикот“, напишал еден од обожавателите на Бибер на „Твитер“.

Том Круз досега се нема огласено на повикот на Бибер. Неговиот предизвик досега го виделе 106 милиони обожаватели, на „Твитер.

Некои од онлајн кладилниците направиле и понуда за ваквиот евентуален меч. Обложувањето ќе стане важечко, само ако дуелот се одржи оваа година. Според „Вилијам Хил“, фаворит и тоа убедлив е актерот Том Круз.

Квотата за негова победа е 1,50, а за оние кои сакаат да се кладат на Бибер, коефициентот е 2.50.

 

Текстот Џастин Бибер го предизвика Том Круз на борба во октагон е превземен од Reporter.mk.