По повеќемесечна пауза Џастин Бибер се враќа на сцената со песната I Don’t Care што ја сними во дует со Ед Ширан. Бибер се повлече од музиката сцена пред околу една година и изјави дека сака да си посвети време на себе и на своето ментално здравје.
И Бибер и Ширан се венчаа лани, тајно. Ед се ожени прв со својата долгогодишна девојка, а веста за свадбата ја објави по неколку месеци. Џастин, пак, се ожени на тајна церемонија со моделот Хејли Болдвин и по венчавката најави дека сака да стане татко.
Текстот Џастин Бибер и Ед Ширан снимија дует е превземен од Reporter.mk.