Пејачот Џастин Бибер за Денот на шегата ја налутил својата сопруга Хејли, но и фановите. Тој на Инстаграм споделил фотографија од ултразвук на која се гледа бебе и гордо најави дека ќе стане татко.
Обожавателите првично биле воодушевени и му честитале за радосната веста, но потоа сфатиле дека Џастин се шегува по повод 1 април.
„Ова е толку невкусно, ми се гади, навистина ги премина границите со ова. Навистина си болен”, му напишпале фановите. Ниту неговата сопруга Хејли не беше воодушевена со неговата смисла за хумор.
„Многу смешно”, напиша Хејли во коментар. По ова тој пак продолжи: „Ако навистина мислевте дека се шегувам за 1 април, размислете повторно”, напиша Џастин. По неколку часа забава, објавил уште една фотографија од ултразвук, но овој пат на фотографијата имало куче, а не бебе.
„Чекајте малку, па денес е Денот на шегата”, напиша Џастин.
„Ти си будала, сфативме уште пред три часа, не си нормален”, беше еден од коментарите под фотографијата.
Текстот Џастин Бибер кажа дека ќе стане татко и ги налути фановите е превземен од Reporter.mk.