Светската ѕвезда Џастин Бибер најави дека ќе се откаже од музиката на подолго време и дека ќе се посвети на решавање на своите психички проблеми. Тој призна дека обожавателите оправдано го критикувале, бидејќи за време на неговата турнеја во 2016 и 2017 година бил постојано несреќен, а за време на настапите не успеал да им ја даде „потребната енергија”.
„Се обидував да дознам што ме мачи, како и повеќето од вас. Сега одлучив да се фокусирам на решавање на некои длабоки психолошки проблеми што ме мачат за да не се распаднам, за да го зачувам својот брак и да станам татко каков што сакам да бидам”, напиша Бибер на „Инстаграм“.
Тој додаде и дека ќе се врати на музиката, но за сега не знае кога и додава дека со следниот албум „ќе растури“.
Текстот Џастин Бибер се откажува од музиката е превземен од Reporter.mk.