Џастин Бибер во проблеми затоа што не потпиша предбрачен договор

Светските медиуми пишуваат дека канадскиот пејач Џастин Бибер е загрижен затоа што не потпишал предбрачен договор и е загрижен што би можело да се случи доколку се разведе со неговата сопруга Хејли Болдвин.

Негов близок пријател вели дека Џастин дава сè од себе за да ги реши пробелмите кои ги има со неа, па дури пејачот редовно посетува и терапија.

Џастин најмногу го мачи депресија, недовербата и анксиозноста, односно неодредени стравови.

„Џастин има голем проблем да им верува на луѓето кои го опкружуваат, а некои пријатели ги отфрлил затоа што се плаши дека тие ќе го искористат и ќе му ги украдат хитовите и песните и такви слични работи. Од друга страна Хејли дава сè од себе за да го спаси бракот. Таа не сака да го остави. Го поддржува низ целиот овој процес“, вели близок пријател на пејачот.

 

Текстот Џастин Бибер во проблеми затоа што не потпиша предбрачен договор е превземен од Reporter.mk.