Џастин Бибер за прв пат како домаќин го дочека Денот на благодарноста

Канадскиот пејач Џастин Бибер објави на социјалните мрежи, како тој за Денот на благодарноста се покажал како домаќин на неговото и семејството на неговата сопруга Хејли Болдвин.

„Ова ми е прв Ден на благодарноста како оженет човек. Прв пат како домаќин. Прв пат двете страни на семејството дојдоа заедно“, напиша Бибер на социјалните мрежи на кои го следат повеќе од 102 милиони обожаватели.

„Врските се силни и љубовта не е секогаш едноставна, но фала му на Исус што ми покажа како се сака. Секој ден учам, се обидувам да бидам како него, трпелив, драг, несебичен“, напиша Џастин.

 Пејачот напиша колку ја сака неговата сопруга, па неодамна на сите им даде до знаење колку му значи.
„Ти си едноставно премнгу. Ме возбудуваш“, искрено напишал Џастин на социјалните мрежи.

 

Текстот Џастин Бибер за прв пат како домаќин го дочека Денот на благодарноста е превземен од Reporter.mk.