Најбогатиот човек на светот Џеф Безос, разводот од неговата сопруга Мекензи Безос, ќе го чини 38.3 милијарди долари, објави Bloomberg.
Во април, најголемата светска интернационална компанија за трговија „Амазон“, објави дека 4% или 19,7 милиони акции, би требало да бидат регистрирани на името на Мекензи Безос, откако разводот ќе биде одобрен.
Двојката во заедничка изјава на „Твитер“ во јануари објавија дека имаат намера да се разведат, изразувајќи загриженост дека Безос би можел да заврши со намалено право на глас.
„Благодарна сум што го финализирав процесот на развод со Џеф, со негова взаемна поддршка. Фала ви на сите кои не поддржавте и се радувам за новата фаза на нашиот однос“, објавила Мекензи на „Твитер“.
Џеф ќе задржи 12% дел вреден 114,8 милијарди долари и во иднина ќе остане најбогатиот човек на светот. Мекензи во мај вети дека ќе даде половина од богатството за хуманитарни цели, за да се приклучи на кампањата Giving Piedge, кампања која во 2010 година ја покренаа милијардерот Варен Буфет и основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.
Во медиумите се зборувало дека до разводот дошло, откако Безос осум месеци претходно се гледал со поранешната телевизиска водителка и пилотка на хеликоптер Лорен Санчез.
Безос и Мекензи беа во брак 25 години, а имаат и четири деца.
Текстот Џеф Безос разводот ќе го чини 38 милијарди долари е превземен од Reporter.mk.